недела, 13 октомври 2024

Центарот за јавно здравје во Скопје ја прогласил епидемијата на голема кашлица

Во Скопје уште од 8 февруари е прогласена епидемија на голема кашлица. Деновиве имеше забуна во јавноста дали е прогласена или не епидемија на оваа заразна болест. Очекувањата беа дека епидемијата ќе ја прогласи Владата откако препораката дадена од Комисијата за заразни болести ја потпиша Фатмир Меџити, ден пред да биде разрешен од функцијата министер за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Од Владата за МКД.мк велат дека бидејќи препораката од Комисијата за заразни болести не се однесуваше на целата држава, дека Центарот за јавно здравје – Скопје е надлежен да постапи по препораките од Комисијата.

„Во Скопје е прогласена епидемија од пертусис (голема кашлица) и за тоа официјално ги известивме Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Мнистерството за здравство и Институтот за јавно здравје“, потврди Бесим Зекири, директор на скопскиот Центар за јавно здравје.

Комисијата за заразни болести, меѓу другите мерки, препорача во градинките да не се примаат деца кои не се вакцинирани за голема кашлица, а матичните лекари треба при секој преглед да го проверат вакциналниот статус на секое дете до 14 години и да ги упатат на вакцинација невакцинираните деца. Секој сомнителен случај на бактеријата на голема кашлица лекарите да го упатат на тестирање и потоа да го пријават.

Здравстветните власти ќе направат обид да се зголеми опфатот со примарната вакцинација со вакцина која ја содржи компонентата против голема кашлица со цел да се достигне препорачаниот од СЗО опфат од 95%, како на регионално и локално, така и на национално ниво.

Институтот за јавно здравје на својата интернет страница објави:

  • За таа цел, во сите вакцинални пунктови на територијата на Македонија потребно е да се врши засилена и континуирана проверка на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, и да се повикуваат за апликација на потребните дози на вакцина. Дополнително, потребно е засилено активно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакциниранилица, со цел нивно  повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.
  • Да се зајакне епидемиолошкиот надзор над голема кашлица. Секој суспектен случај кој исполнува клинички критериуми на дефиницијата на случај потребно е епидемиолошки да се истражи, лабораториски да се тестира, односно потврди и да се пријави до надлежните институции.
  • Сомнителните/заболените лица да се испраќаат за лабораториска дијагноза и лекување, и веднаш да се пријават до надлежните институции.
  • Изолација на заболените во здравствените институции или во домашни услови, особено ако во семејството има доенчиња, мали деца и невакцинирани лица, најмалку 5 дена од отпочнување со антибиотска терапија. Истото важи и за сомнителните болни/контакти на заболените лица доколку примаат хемиопрофилакса.
  • Сите матични лекари при преглед задолжително да го проверуваат вакциналниот статус на сите деца до 14 годишна возраст и сите пропуштени и невакцинирани деца да ги упатуваат на вакцинација;
  • ЦЈЗ во соработка со ИЈЗ да спроведуваат едукативно-промотивни активности во врска со превенција од појава на голема кашлица, односно потенцирање на вакцинацијата како единствена превентивна мерка за заштита на здравјето на децата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ