На Меѓународен Аеродром Скопје на стоково царинење, декларирани за увоз, привремено се задржани 883 блутут слушалки и 1.048 задни капаци за мобилни телефони со лого на Епл за коишто е отпочната постапка за повреда на право на интелектуална сопственост.
Исто како и во првиот случај, станува збор за пратка од Дубаи, за којашто е поднесена декларација за увозно царинење за обични блутут слушалки и задни капаци за мобилни телефони. Проценетата малопродажна цена за овие производи доколку се продаваат како оригинали е 220 илјади евра.
На Царинска испостава Гевгелија при контрола на стока за увозно царинење се откриени 1.920 полначи за мобилни телефони Самсунг кои не биле опфатени со увозната декларација. Стоката е со потекло од Кина и била наменета за фирма од Скопје. Вкупната проценета вредност на непријавената стока е 374 илјади денари. Полначите се запленети, против увозникот е поведена прекршочна постапка, а се води и постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост, наведуваат од Царинската управа.