„Деветнаесет отсто од заразените имаат по некоја блага клиничка форма, со мала треска, болка во мускулите, измоштеност и болеста ја поминуваат без да знаат од што се болни. Но, еден процент имаат тешка клиничка слика.Еден отсто од случаите можат да развијат невролошки манифестации, како во конкретниов случај. Станува збор за ризична група на возраст од над 75 години, односно 77-годишен пациент кај кого се разви таа невролошка манифестација која може да заврши со летален исход. Тоа што и медицината во светот го знае е дека за тој вестнајл вирус нема специфична терапија. Ако може да се превенира нешто, тоа е преку програмите за дезинсекција што е во надлежност на општините и на други институции“, вели Цана мислејќи на уништување на комарците кои се преносители на вирусот на западно-нилска треска.
Цана рече дека пациентот, кој почина на Инфективната клиника, претходно бил прегледан во Општа болница Кочани, а оттаму препратен во Клиничка болница Штип, па од Клиничка болница Штип е упатен на Инфективната клиника во Скопје.
„На приемот пациентот бил фебрилен, малаксан, со пореметена свест, значи дезориентиран и агресивен. Кај пациентот е констатирано дека сепак се работи за некое воспаление на мозок, т.е. енцифалитис. Примен е на Клиникава и е продолжено со додијагностицирање. Направени се сите дијагностички процедури и со серум во Институтот за јавно здравје и е потврдено присуство на вестнајл вирусот“, рече Цана.
Според него, анамнезата на пациентот е куса и најверојатно тој живеел сам.
„Се работи за 77-годишен пациент, кого членовите на семејството го наоѓаат паднат. Колку дена претходно бил болен тоа не може да се каже. Даден е и податок дека имал температура, дека бил агресивен, вознемирен. Точно е дека кога бил примен имал температура, но сега колку дена претходно имал, тоа никој не може точно со точност да го каже. Пациентот во таква состојба со невролошки манифестации е хоспитализиран кај нас. Сега никој не може да каже зошто е куса анамнезата дали нешто претхдно примил, туку дека еден ден претходно со тие симптоми кои одговараат на состојбата и поставената дијагноза. Така што, само тоа е потврдено по неколку дена, од ИЈЗ дека во серумот, анализиран од пациентот, е детектирано присуство на вестнајл вирусот“, рече Цана.
Тој не може со сигурност да каже дали постои опасност од ширење на вирусот, а како што вели, статистиките тоа го покажуваат дека единствената превенција се програмите за дезинсекција.