петок, 4 октомври 2024

Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер во знак на солидарност

Објавено на

часот

Сподели

Буркина Фасо и Мали на тој начин ги спроведуваат своите обврски наведени во заедничката изјава за солидарност со Нигер, според телевизискиот канал.

Комесарот за политички прашања, мир и безбедност на Економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС, Абдел-Фату Муса, изјави во петокот дека е утврден точниот датум на почетокот на воената интервенција на силите на земјите-членки на ЕКОВАС во Нигер, иако тој нема да биде објавен јавно.

Муса рече дека ЕКОВАС може да испрати мисија во Нигер денеска на разговори со бунтовниците, пренесе Тасс.

На 31 јули, владите на Буркина Фасо и на Мали ја изразија својата солидарност со народот на Нигер, предупредувајќи дека и двете земји ќе ја сметаат секоја можна воена интервенција во Нигер како објава на војна и против нив.

Воената хунта во Нигер на 26 јули објави дека избраниот претседател Мохамед Базум е сменет, државните граници се затворени, полициски час е воведен, Уставот е суспендиран и политичките партии се забранети.

Воената хунта на 28 јули го прогласи генералот Абдурахман Тиани за шеф на државата.

ЕКОВАС го осуди државниот удар и ѝм даде на бунтовниците една недела да го вратат уставниот поредок, заканувајќи се дека ќе преземе акција, вклучително и воена интервенција, доколку не го сторат тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ