понеделник, 7 октомври 2024

Бунтовниците во Мали нападнаа авион на Светската програма за храна на ОН

Авионот што го користеше Светската програма за храна на Обединетите нации (ВФП) за хуманитарна работа е оштетен од исламистички напад во Бамако, главниот град на Мали, соопшти јужноафриканската авиокомпанија, сопственик на авионот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Корпорацијата „Националната корпорација ервејс“ соопшти дека авионот „се нашол под терористички напад“ во вторникот додека бил на земја, кога исламистите нападнале воена база и аеродром во Бамако. Војниците на Мали ги победија напаѓачите по судир во кој загинаа неколку војници, соопштија властите.

Наведено е дека никој од Светската програма за храна на ОН не е повреден и дека екипажот и персоналот на авионот не биле на местото на нападот.

Одговорноста за нападот ја презеде групата ЈНИМ поврзана со Ал Каеда.

На видеата кои членовите на групата ги објавија на својата веб-страница, се гледаат напаѓачите како го палат авионот. Тие потврдуваат дека предизвикале „голема човечка и материјална штета“.

Најмалку 15 напаѓачи се уапсени, изјави официјален претставник на безбедносните сили.

Националната корпорација ервејс изјави дека е „трагично“ што нивниот авион бил „оштетен во африканска земја за време на хуманитарна работа за граѓаните на Мали, под покровителство, одобрение, обележување и знаме на Светската програма за храна“.

Мали, заедно со своите соседи Буркина Фасо и Нигер, повеќе од една деценија се бори со вооружените групи, вклучително и некои сојузници на Ал Каеда и Исламската држава.

По воените удари во сите три земји во последниве години, владејачката хунта ги протера француските сили и помош побараа од руските платеници.

Додека се зголемува бројот на напади во централниот и северниот дел на Мали, нападите во главниот град се ретки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ