понеделник, 9 декември 2024

Бугарскиот театар Ловеч гостува во Куманово

Кумановци вечерва ќе имаат можност да ја проследат комедијата „Здивот на ѓаволот“ во изведба на актерите од Театар Ловеч од Бугарија, во режија на Боил Банов, информираа денеска надлежните од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Претставата е работена по текст на еден од најпреведуваните современи автори Жорди Галсеран.

Објавено на

часот

Сподели

Претставата зборува за животот на младите луѓе, нивните борби, желби и мечти. Сижето е проткаено со интересни ситуации, со неочекувани пресврти што ветуваат исклучително задоволство кај гледачите, соопштија од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Во претставата играат актерите: Богомила Николова, Борјана Бабанова, Дејан Жеков, Петко Венелинов и со специјалниот гостин, Христо Мутафчиев кој е еден од најреномираните актери во Бугарија и претседател на сојузот на синдикатот на бугарските артисти.

Претставата ќе почне во 19 часот, а влезот е слободен со претходна резервација и подигање на билети на билетарница во Центар за култура Куманово. Со прикажувањето на оваа преставата, нагласуваат од установата продолжува меѓународната соработка која ја спроведуваат Центарот за култура и Театар Куманово со Театарот од Ловеч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ