Декларацијата е донесена на предлог на проруската партија Преродба.
Во трите точки од Декларацијата пишува: се повикува македонската Влада да ја изгради трасата од паневропскиот Коридор 8 на македонска територија, која води до Бугарија; се повикува на продолжување на прекинатиот дијалог и запирање на „антибугарската кампања и провокативни изјави“ во Македонија; се потврдува волјата на бугарската држава за организирање на заеднички историски настани и личности и несогласување со одрекувањето од заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членови на македонската Влада.