Според него, локалната енергетска компанија Булгартрансгас не може да продолжи со испораките на рускиот гас без декемвриските исплати на Газпром кои до сега секогаш стигнувале преку санкционираната Газпром банка, пренесува порталот Новините.
Малинов очекува рускиот енергетски гигант Газпром наскоро да го разјасни новиот начин на плаќање.
Газпром банката ги држи примарните резерви на капацитетот за проширување на Турски тек преку Бугарија до Србија до 2039 година, поради што нејзините плаќања се критични за работењето на Булгартрансгас.
Неодамнешните американски санкции на руската Газпром банка ги искомплицираа финансиските трансакции на двете страни, додава бугарскиот портал.