вторник, 15 октомври 2024

Будимпешта: Србија е спремна да влезе во ЕУ, нејзиното членство не треба да се условува со Косово

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто оцени денес дека Србија е спремна да влезе во Европската Унија, додавајќи дека нејзиното членство не треба да се условува со односите со Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој во интервјуто за хрватската агенција Хина кажа дека Србија е спремна „утре да влезе во ЕУ“ и дека без неа како „најголема и најсилна држава“ на Западен Балкан, нема стабилност во регионот.

„Отуѓувањето на Србија е најлошата можна тактика“, кажа Сијарто.

Честата антизападна и антиевропска реторика на претседателот на Србија Александар Вучиќ Сијарто ја објасни со чувството на разочарување поради изостанокот на приближување до членство, и покрај исполнетите критериуми.

„Србија е горда нација. Затоа верувам дека пристапот на бирократијата од Брисел треба да се смени кон неа“, кажа унгарскиот министер додавајќи дека пристапот „екс-катедра“ треба да се смени со разговор „очи во очи“.

Шефот на унгарската дипломатија оцени дека врзувањето на членството на Србија во ЕУ за нормализацијата на односите со Косово е неправедно кон Белград бидејќи тоа не зависи само од Србија.

Тој кажа и дека проектот ЕУ не е завршен додека сите земји од Западен Балкан не станат негови членки, бидејќи „на Брисел повеќе му треба регионот отколку што на регионот му треба Брисел“.

Сијарто ги отфрли изјавите на некои западни воени лидери дека Русија за неколку години би можела да нападне некоја членка на НАТО, прашувајќи зошто некој би нападнал некого кој е многу посилен. Исто така кажа дека не ја гледа Русија како закана за која било членка на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ