вторник, 15 октомври 2024

Брза постапка за насилник од Чаир

Објавено на

часот

Сподели

Единицата за насилен криминал – одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка за против К.С.(32) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „насилство“ и „напад на службено лице при вршење работа на безбедност“, казниви по чл. 386 и чл.383 од Кривичниот законик.
 
 
Како штоп понатаму информираат од МВР, тој се сомничи дека вчера во 14 часот во авто сервис на подрачјето на Чаир се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија.
 
 

Во координација со јавен обвинител, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ