понеделник, 7 октомври 2024

Бродоградител од Холандија ја тужи холандската влада поради санкциите против Русија

Бродоградителска компанија од Холандија, Дамен шипјардс, ја тужи холандската влада поради штетата која, како што тврди, ја претрпел откако ѝ беа воведени санкциите на Русија.

Објавено на

часот

Сподели

Дамен, кој произведува голем распон на индустриски и воени пловила и луксузни јахти, бара компензација за зделките кои ги изгубил поради санкциите, кажа портпаролот на компанијата Рик ван де Вег, а пренесува Ројтерс. „Дамен имаше договори за испорака на бројни бродови кои беа укинати поради санкциите воведени откако Русија минатата година ја нападна Украина“, кажа Ван де Вег.

Компанијата не наведе за какви износи станува збор за зделките со Русија ниту наведе колкав надомест бара. Холандската влада во април минатата година поради санкциите на Русија забрани 14 јахти, од кои 12 во изградба, да ја напуштат земјата.

Градењето јахти е важен сектор на холандската економија. Од евиденцијата на стопанската комора се гледа дека големите бродоградители Хеесен, Фидшип, Дамен шипјардс и Океанко во 2020 година оствариле приход од околу 1,5 милијарди евра. Холандското министерство за надворешни работи одби да ја коментира тужбата на Дамен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ