Брнабиќ кажа дека полицајците сакале да слушнат што Северина мисли за литиумот, како и за нејзиниот став за Сребреница. Северина порача дека нема да дојде во Србија додека е на власт претседателот Александар Вучиќ, на што Брнабиќ иронично кажа дека нема да може да спие поради тоа.
„Многу ми е жал што Северина нема да дојде во Србија, како што кажа таа, „додека диктаторот Александар Вучиќ е на власт“, нема да можам да спијам“, искоментира шефицата на српското собрание.
И претседателот на Србија исто така се осврна на повеќечасовното задржување на Северина на српската граница.
„И јас мислам дека е тоа многу глупо и непотребно. Не поради Северина, за која мислам сè најлошо. Ние мораме да се разликуваме од нив во сè. Чувај ме Боже да не водам држава во која ќе се апси секој кој ги слуша песните на Томпсон“, искоментира Вучиќ.
„Нема повеќе никога да дојдам во Србија сè додека овој не се симне од власта. Знаеме сите добро кој“, искоментира Северина по задржувањето на границата.