„После четири часа ваков искрен и отворен разговор, кој цела Србија можеше да го следи во живо, имам само едно да кажам – Србија нема да има ваков човек и лидер како Александар Вучиќ во следните 300 години“, напиша претседателката на Собранието на својот профил на мрежата Икс.
Posle četiri sata ovako iskrenog i otvorenog razgovora, koji je i cela Srbija mogla da prati uživo, imam samo jednu stvar da kažem – neće Srbija imati ovakvog čoveka i lidera kakav je @avucic u narednih 300 godina!
— Ana Brnabic (@anabrnabic) August 14, 2024
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во зградата на општина Мали Зворник разговараше со жителите на таа општина и на околните места за експлоатацијата на литиум и други теми кои ги интересираат и како што рече, дошол да ги чуе и сослуша.
Вучиќ пред зградата на општината го пречекаа повеќе од стотина граѓани.