вторник, 18 март 2025

Брнабиќ : Собранието на Србија изгледаше како воена зона, нема да се повлечеме пред дивјаштвото

Претседателката на српското собрание оцени дека за прв пат во тој парламент можеле да се видат „немили сцени“ како тие од вчерашната седница, кажувајќи дека, колку и да била тешка ситуацијата во изминатите децении, Србија никогаш немала таква опозиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа за Радио-телевизија Србија кажа дека институциите продолжуваат да работата и дека нема да се повлечат пред „дивјаштвото и насилството“.

Истакна дека српскиот парламент вчера изгледал како воена зона, но дека граѓаните не треба да бидат загрижени, затоа што во Србија ќе биде мир. „Ние ќе успееме да ја зачуваме стабилноста, до сега никогаш не сме имале вакви сцени, до сега никогаш не сме имале опозиција која сака да го понижи парламентот, нема да дозволиме блокада на институциите“, истакна Брнабиќ.

Таа оцени дека случувањата на вчерашната собраниска седница немаат никаква врска со политиката и праша кој е епилогот на тоа освен, како што кажа „што се радува ат Приштина и Загреб“.

„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ и понатаму е во тешка состојба. Соња Илиќ е подобро, стабилно, бебето е добро. Јасмина Каранац имала потесни повреди“, кажа таа за здравствената состојба на трите повредени пратенички.

На прашањето како се внесени пиротехничките средства во парламентот, објасни дека опозицијата внела пластична, модерна пиротехника“, на што „безбедносните врати не реагираат и не пиштат“.

„кога сте народен пратеник, обезбедувањето има поголемо уважување кон вас и не ве претресува на тој начин“, кажа таа.

Додаде дека собранието продолжува да работи бидејќи, како што оцени, пораката дека се повлекла пред насилството би била катастрофална.

„Јас бев шокирана вчера, ние имавме на дневен ред нешто за што се сложуваме а тоа е измена и дополнување на законот за високо образование со кое се исполнува четвртото барање на студентите. Тие (опозицијата) дури не гласаа тоа да се најде на дневниот ред“, кажа Брнабиќ.

Коментирајќи ги студентските барања, таа кажа дека е секогаш спремна и отворена за разговор со студентите, порачувајќи дека власта во Србија нема да се менува на улица и дека без институциите не постои држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ