„На нив зборуваат луѓе кои веруваат во кемтрејлс, луѓе кои велат дека не ни треба геолошка струка, дека треба да се затворат сите рудници, зборуваат за сатанизам, се борат против банкарскиот систем, шират паника и страв“, кажа таа.
Според неа, проектот Јадар на Србија, а особено на западна Србија, би ѝ донел нови работни места, подобри плати и животен стандард, а земјоделската активност би можела да продолжи бидејќи тој рудник е под земја, а не е отворен коп.
„Србија би станала снабдувач на стратегиски суровини и производи, па со самото тоа нашето влијание во светот и Европа би пораснало. Секако се подразбира дека сето тоа се прави со почитување и примена на најстроги мерки за заштита на животната средина“, оцени Брнабиќ.