вторник, 18 јуни 2024

Брнабиќ на новинарка на Н1: Вие го лажете народот

Шефицата на српскиот парламент Ана Брнабиќ ја обвини телевизијата Н1 Србија дека предизвикува тензии во општеството, повикува на насилство и пласира лажни вести и полуинформации.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали ќе се извини за обвинувањето дека Н1 тепа луѓе по улиците, таа во изборниот штаб на Српската напредна партија кажа: „Вие само ги поддржувате оние кои го тепаат народот и повикувате на тензии во општеството“.

На прашањето зарем таа не го прави тоа на социјалните мрежи и кога ќе престане со „таргетирањето“ имајќи предвид дека е претседателка на собранието, Брнабиќ кажа дека таа не таргетира новинари и не го лаже народот.

„Тоа сè предизвикува ние во општеството да имаме нестабилност, не поради политиката туку затоа што некој го лаже народот“, кажа Брнабиќ, по што новинарката на Н1 праша кој го лаже народот. „Вие го лажете народот“, одговори поранешната српска премиерка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ