вторник, 15 октомври 2024
На премиерот му се придружи актерот Идрис Елба

Британија започнува акција против нападите со нож

Актерот од Холивуд, Идрис Елба, денеска ќе му се придружи на британскиот премиер Кир Стармер во неговата официјална резиденција на Даунинг стрит 10, за да започнат нови заеднички напори во борбата против кривичното дело напади со нож.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Елба, веќе познат како борец против овој вид криминал, ќе му се придружи на Стармер во основањето на здружение чија цел е да се обиде да спречи младите да бидат вовлечени во насилни банди.

Здружението ќе се состои од групи кои работат на вакви кампањи, семејства на луѓе кои ги загубиле животите во напади со нож, млади луѓе кои биле жртви на такви напади, министерката за внатрешни работи Ивет Купер и британскиот актер Идрис Елба.

Во кампањата се вклучени и технолошки компании, спортски организации, здравствената служба и полицијата. Се очекува ова да биде првиот годишен самит за овој вид криминал. Сите тие ќе соработуваат со различни експерти за да се обидат да разберат зошто младите се привлечени од насилни банди.

„Треба да ги решиме основните причини за овие видови на злосторства – напади со нож, а не само симптомите. Формирањето на здружението е позитивен чекор кон рехабилитација на нашите заедници од внатре кон надвор“, изјави Елба.

Денешното соопштение е првиот чекор во 10-годишниот план на владата за справување со криминалот со нож, кој ќе биде централен во нејзината мисија да ги направи безбедни улиците на британските градови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ