Набрзо по победата на Лабуристичката партија на парламентарните избори во јули, Лами кажа дека ќе се ревидира продажбата на оружје на британскиот сојузник Израел за да се обезбеди дека тоа се случува во согласност со меѓународното право.
„Со жалење денес го известувам долниот дом на парламентот дека поради проценката која ја добив не можам да заклучам ништо друго освен дека за одреден дел од извозот на британското оружје во Израел навистина постои реален ризик дека може да се користи за извршување или овозможување сериозни кршења на меѓународното хуманитарно право“, порача британскиот министер.
Тој истакна дека најавената суспензија не значи целосна забрана на извозот или ембарго на оружјето. Леми додаде и дека Британија и понатаму „го поддржува правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право“.