Бред Пит деновиве има нова помошна опрема – бастун – поради повреда на лигамент во коленото.
Обожавателите беа збунети кога го гледаа секс-симболот како оди со бастун, но сега мистеријата е решена. Ѕвездата на „Манибол“ откри дека се повредил во обид да ја заштити ќерка си при еден случаен пад.
„Ја носев ќерка ми (Вивиен) надолу по еден рид и се лизнав“, им објасни 48-годишниот Бред на новинарите на 23-тиот Интернационален филмски фестивал во Палм Спрингс во саботата. „Требаше да избирам – таа или јас.“ Долгогодишната љубов на Бред, Анџелина Џоли, рече дека не ѝпречи новата декорација на Бред.
„Ми се допаѓа бастунот“, им рече таа на новинарите и додаде дека повредата не го забавила Бред. „Тој не е таков тип. Тој сè уште прави сè.“
Анџелина рече дека благодарение на херојската реакција на Бред, нивната 3-годишна ќерка не претрпела никакви повреди. „Виви е добра“, рече Анџелина. „Таа е апсолутно добра.“
Енџи откри и дека и самата таа се има повредено за да заштити едно од своите деца. „Мислам дека сите родители се повредуваат на борбената линија. Кога Медокс беше мал, јас паднав и си го повредив лактот“, рече таа. „Тоа е мошне честа појава.“