недела, 10 ноември 2024

Бразил го победи Чиле, Аргентина освои бод во Венецуела (ВИДЕО)

Ноќеска се одиграа четири натпревари од квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка, Аргентина одигра 1-1 кај Венецуела, Бразил со 2-1 го победи Чиле на негов терен, Боливија ја совлада Колумбија со 1-0.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот за Чиле почна идеално, со гол на Едуардо Варгас уште во втората минута домаќинот дојде до водство од 1-0. Но, на крајот се покажа дека тоа е и единствениот гол кој го постигнаа.

Во судиското продолжение од првото полувреме Да Круз изедначи на 1-1. Со тој резултат се отиде на одморот.

Кога се очекуваше дека мечот ќе заврши реми, по асистенција на Гимараеш, Луис Енрике даде гол во 89. минута за победа на Бразил од 2-1.

Венецуела и Аргентина играа на тежок терен кој беше прекриен со многу вода од обилниот дожд. Тешко беше да се игра, но беа постигнати два гола.

Во 13. минута Отаменди даде гол за водство на Аргентина од 1-0, а во 65. минута Рондон го изедначи резултатот на 1-1.

Боливија со гол на Мигуелито во 58. минута дојде до победа од 1-0 над Колумбија.

На мечот меѓу Еквадор и Парагвај немаше голови, заврши 0-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ