Брајтон промовира ново засилување, на „Амекс“ пристигна 23 годишниот Мет О’Рајли од Селтик.
Детали од зделката не се откриваат, но се шпекулира дека се работи за рекордна продажба за Селтик и шкотискиот фудбал, Брајтон ќе плати околу 26 милиони фунти (нешто над 30 милиони евра), плус додатни 4 милиони фунти во бонуси (оклолу 5 милиони евра).
Со овие суми, популарните „галеби“ ја надминаа бројката од 200 милиони евра потрошени на нови играчи ова лето.
Повеќе од Брајтон ова лето има потрошено само Челси, а клубот од „Амекс“ нема да застане тука, во следните денови треба да го комплетира и трансферот на Ферди Кадиоглу од Фенербахче.