петок, 8 ноември 2024

Божиновска: Обновливи извори на енергија и целосна гасификација за енергетската транзиција

Декарбонизацијата и диверзификацијата на обновливите извори се клучни цели во процесот на зелена транзиција. Во оваа насока, продолжуваме да ги прошируваме капацитетите за обновлива енергија, преку инвестиции во фотонапонски електрани и ветерни паркови. Исто така, Министерството развива политики за искористување на други извори на енергија, како биомаса, биогас и геотермална енергија, со цел да ја искористиме целосната енергетска потенцијалност на нашата земја, изјави министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска, која како панелистка учествуваше на презентацијата на резултатите од мониторирањето на квалитетот на воздухот во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, каде истакна дека енергетската транзиција е приоритет за Владата на Република Македонија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство соопштува дека ги продолжува своите активности насочени кон зелена енергетска транзиција и намалување на емисиите на јаглерод. Преку значајни инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација на државата, се создаваат услови за енергетска ефикасност и технолошки развој. Овие активности ќе обезбедат доверлив и одржлив пристап до енергија за граѓаните и стопанството, истовремено заштитувајќи ја животната средина.

Божиновска истакна дека целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција. „Гасификацијата ќе овозможи значителни придобивки за општините во однос на намалувањето на загадувањето на воздухот и ќе овозможи изградба на когенеративни електрани, кои ќе бидат носечки извори на базна енергија во наредните децении,“ изјави министерката. „Преку гасни интерконектори со Грција, Србија и Косово, Македонија ќе го зајакне својот енергетски капацитет и ќе ја зајакне својата позиција во Југоисточна Европа, придвижувајќи се кон целосна енергетска независност,“ додаде таа.

Настанот, организиран во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, претставува значаен чекор кон заедничките напори за подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на животната средина во Република Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ