четврток, 12 декември 2024

Божиновска-Лорковски: Емисиите на јаглерод се клучен чекор во енергетската интеграција со ЕУ

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на климатскиот самит во Баку, Азербејџан, денес оствари средба со претставници на секретаријатот на Енергетската заедница, како и билатерална средба со директорот на Европскиот секретаријат за енергетика, Артур Лорковски.

 

Објавено на

часот

Сподели

Средбата беше фокусирана на теми од стратешко значење за регионот, меѓу кои напредокот на земјите во областа на енергетиката и заштитата на животната средина, интеграцијата на пазарите за природен гас, како и поддршката за транзиција кон зелена енергија.

Лорковски ја нагласи посветеноста на Енергетската заедница за унапредување на енергетската соработка и поддршка на регионот во спроведувањето на политики за поставување цена на емисиите на јаглерод, што претставува клучен чекор во насока на енергетска интеграција со Европската унија. Воедно, оваа иницијатива е значаен дел од Европскиот зелен договор, кој се имплементира со цел да се обезбеди долгорочна енергетска безбедност и одржливост во регионот.

Министерката Божиновска изрази поддршка за заедничките иницијативи и истакна дека нашата земја останува силно посветена на приспособување на националните енергетски политики кон европските стандарди, со цел да се поттикне економски раст и да се зачува природната средина за идните генерации.

„Ние остануваме активен партнер на Енергетската заедница и посветени сме на постигнување на заедничките цели во енергетската транзиција“, истакна министерката Божиновска, подвлекувајќи дека нашата земја ги вложува сите напори за промените да бидат правовремени и ефективни.

Министерката Божиновска го информираше директорот дека предлог Законот за енергетика е поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и сите може да се запознаат со содржината на предлог текстот. Директорот Лорковски изрази задоволство и најави дека тој и неговиот тим ќе го разгледаат предлог законот и ќе дадат нивни предлози, а со цел законот да е усогласен со ЕУ легислативата.

Претставниците на двете институции се согласија за важноста на инклузивноста и соработката меѓу сите засегнати страни во регионот за поуспешно и побрзо спроведување на клучните реформи во енергетиката, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ