„Еден правник од наше потекло во Торонто препорача адвокатска канцеларија да ја исправи оваа неправда поради лошо планирање. Ќе се прослави. Може да влезе и во Гинисовата книга на рекорди. Затоа што ќе им помогне на нешто повеќе од 2 милиона граѓани да си ги вратат парите или да не платат за туѓ јавашлук. Македонија има околу 2,5 милиона пасоши, од кои мал дел е со истечен рок.
Практично, судскиот спор ќе заврши уште пред да почне. Било која влада ќе сфати дека не смее да ги казнува граѓаните и ќе сака да се нагоди уште пред рочиштето. И јас мислам дека на потег е некоја храбра адвокатска канцеларија. За да можат граѓаните со тие пари да си платат струја, да си купат јагнешко за Велигден, да се почувствуваат горди дека тие одлучуваат кој ќе владее со државата и како ќе владее.
Јавното мислење и во нашава држава ќе го добие заслуженото место“, вели во изјавата за МКД.мк писателот Божин Павловски.