недела, 3 ноември 2024

Босанците ја избраа Анџелина за личност на годината

Објавено на

часот

Сподели

Признанието, составено од плакета на „Дневни аваз“ и бакрорез „Авазов змај“, на славната глумица вчера во Музејот на холокаустот во Вашингтон ѝ го врачил постојаниот дописник на весникот од САД.
Џоли ѝ се заблагодарила на редакцијата на „Дневни аваз“ за признанието, прво што го добила за својот филм од медиумите од Босна и Херцеговина.
Во образложението на изборот се вели дека Џоли со својот филм, кој „како бомба одекнал во светот“, ја обележала минатата година.
„Џоли го направи она што многумина што се сметаат за влијателни и се претставуваат како пријатели на оваа земја го заборавија, и преку својата работа на светот му откри дел од маките и пеколот низ кои мина овој народ“, оценува „Дневни аваз“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ