петок, 13 декември 2024

Борел: Русија ќе сноси одговорност без разлика на идниот мировен договор

Русија ќе мора да одговара за воените злосторства извршени во Украина и да плати за извршеното разорување без оглед на идниот мировен договор, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„За мирот да биде траен, а не само прекин на огнот, мора да биде праведен и траен“, рече Борел, кој е првиот висок европски функционер што ја посети Украина по победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Победата на Трамп ги загрижува Украина и Европа, кои стравуваат дека новиот американски претседател ќе ја прекине поддршката на Вашингтон за Киев во борбата против руската инвазија.

„Тоа е предупредување за оние што велат дека оваа војна мора да заврши. Затоа, војната треба да заврши што е можно поскоро, без разлика како“, додаде Борел за време на патувањето во регионот Чернихив во северна Украина.

Според него, важно е војната да заврши на начин каде што има одговорност, тоа да не е само економска обнова, туку секој да одговара за своите постапки.

Борел рече дека околу 300 милијарди долари од руските државни средства замрзнати од Западот може да се искористат за обнова на Украина по војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ