Началникот на локалната полиција Актар Хајат изјави за Ројтерс дека експлозијата била предизвикана од бомбаш самоубиец.
Високиот полициски функционер Назир Кан изјави дека партиската конвенција на проталибанскиот свештеник Фазал ур-Реман се одржувала на периферијата на Кара, главниот град на областа Баџур, кога се случила експлозијата, пренесе АП.
Кан изјавил дека некои од ранетите се префрлени во главната градска болница и дека се во критична состојба, а бројот на жртви може да се зголеми.
Политичката партија на Реман е дел од коалициската влада во Исламабад.
Не е познато дали Реман бил присутен, додава АП.
Низ Пакистан се организираат собири за да се мобилизираат приврзаниците за претстојните избори во август.