Џошуа Кимих е под договор до 30. јуни и Баерн Минхен со месеци со обидува да ја продолжи соработката на фудбалерот од средниот ред.
Како што пренесуваат медиумите, последниот предлог бил со плата нешто поголема од сегашната (20 милиони евра по сезона) како и ветување дека ќе ја добие капитенската лента кога Мануел Нојер ќе оди во пензија.
Но оваа понуда сега е повлечена, бордот на Баерн Минхен во понеделникот решил да повлече еден ваков неочекуван чекор бидејќи играчот премногу се мислел, тие не можеле да разберат зошто му треба толку многу време да пресече што сака.
Ова не значи дека Џошуа Кимих дефинитивно ќе го напушти клубот, но драстично ги намалува шансите за нов договор.
Се верува дека Џошуа Кимих во моментов нема конкретни понуди од други клубови, па останува да се види дали Баерн Минхен и Германецот ќе успеат да најдат компромис, или тој ќе замине од Алианц Арена како слободен играч.