Судиите се одлучиле за ваква пресуда по новите околности кои довеле до поблага казна, односно откако до нив стигнала медицинска документација потпишана од професори и доктори.
Јовановски моментално има прекин на затворската казна врз основа на медицинска документација доставена од лекарски конзилиум. Повеќе лекари тврдат дека е хендикепиран од прв степен и не може да ја издржува затворската казна.
Судот ги прифаќа тие лекарски наоди и му овозможи да остане на слобода. На Јовановски во 2023 година му беше извршена операција за целосно отстранување на желудникот.
Бојан Јовановски беше осуден на девет години затворска казна за кривично дело примање награда за противзаконито влијание и перење пари.