сабота, 23 ноември 2024

Богатите земји да ги зголемат трошоците за климатскиот договор на 300 милијарди долари

Европската унија, САД и другите богати земји на самитот за климатски промени КOP29 одлучија да ја зголемат глобалната финансиска цел на 300 милијарди долари годишно до 2035 година, изјавија извори за Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Промената дојде откако земјите во развој го оценија предлогот за договор од 250 милијарди долари, изготвен од претседателството на Азербејџан КOP29 во петокот, како навредливо низок.

Пет извори запознаени со разговорите зад затворени врати изјавија дека ЕУ прифатила поголема сума.

Два извори изјавија дека Соединетите Држави, Австралија и Велика Британија исто така се согласиле.

Делегатите на конференцијата на ОН за климатски промени во Баку, Азербејџан, во саботата наутро чекаа нов предлог за глобален договор за финансирање на борбата против климатските промени, преговорите траеле цела ноќ.

Не е јасно дали земјите во развој се веќе запознаени со ревидираните позиции на богатите земји.

Портпаролот на Европската комисија одби да ги коментира преговорите.

Делегацијата на САД на КOP29 не одговори на барањето за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ