Родриго се најде во фокусот по првото коло во Ла Лига со еден контроверзен пост и изразеното незадоволство од тоа што медиумите целиот фокус го ставија врз Белингем, Винисиус и Мбапе, односно новото „БМВ“ трио.
Карло Анчелоти потоа порача дека разговарал со Бразилецот и дека нема нкакви проблеми.
Но очигледно на Родриго му пречи тоа што не го вметнуваат помеѓу главната напаѓачка оска на „кралевите“.
Џуд Белингем вчера на социјалните мрежи сподели неколку фотографии, а на една од нив беше покрај Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе.
Случајно или не, само неколку часа подоцна, Родриго имаше своја објава и слика во друштво на Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе.
📲 Bellingham posteó una foto con Vinicius y Mbappé y a las pocas horas Rodrygo hizo lo propio en sus stories…
🤔 ¿Tú qué piensas?
🔗 https://t.co/fK7sVwujTk pic.twitter.com/NHukzyhcYv
— Diario AS (@diarioas) September 4, 2024