сабота, 15 март 2025

Блумберг: Трамп сака да постигне мир во Украина до Велигден

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој оваа година се паѓа на 20 април, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Администрацијата на Трамп им кажа на европските претставници дека сака да обезбеди прекин на огнот во Украина до Велигден“, објави Блумберг, цитирајќи официјални претставници.

Сепак, некои официјални лица изразија сомнеж за изводливоста на оваа цел, истакнувајќи дека ритамот на преговорите – кои треба да започнат оваа недела во Саудиска Арабија со учество на високи претставници на САД и Русија – е амбициозен и потенцијално нереален.

„Многу е поверојатно дека решението би можело да се постигне до крајот на оваа година“, се вели во извештајот, цитирајќи дополнителен извор. Во меѓувреме, Белата куќа не коментираше на оваа тема.

Трамп ги започна своите мировни напори минатата недела со телефонски разговор со Владимир Путин. Последователно, европските претставници беа изненадени кога новиот американски секретар за одбрана изјави дека европските земји ќе бидат одговорни за обезбедување на безбедносни гаранции и мировни сили во Украина по постигнатиот договор.

Блумберг исто така ги цитира европските претставници кои велат дека американската стратегија може да оди во корист на Путин, бидејќи Трамп се согласил на значителни отстапки уште пред да започнат преговорите.

Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на самит со лидерите на Германија, Обединетото Кралство, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска. Заедно со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, тие планираат да разговараат за својата реакција и следните чекори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ