вторник, 15 октомври 2024

Блокирана истрагата за масакрот во белградското училиште, таткото на убиецот би можел да биде пуштен на слобода

Поминаа точно пет месеци откако момчето Коста К. вооружен влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“ и со пиштолот на татко му уби девет врсници и чувар на училиштето и рани уште шест лица, а истрагата против неговиот татко сè уште не е готова. Како што дознава Блиц, таа е блокирана од вештачењето наложено од Вишото јавно обвинителство во Белград, кое не е завршено.

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинителството наложи да се изврши медицинско балистичко вештачење кое треба да покаже како се убиени жртвите од училиштето, како и какви прострелни рани и од кое оружје добиле. Тоа вештачење треба да ги потврди сомнежите дека момчето убиец пукало од пиштолот кој татко му легално го поседувал“, вели извор на Блиц запознаен со случајот. Меѓутоа, како што дознава српскиот весник, вештачењето не е завршено.

„Во последните два месеци надлежното обвинителство испрати повеќе ургенции и барања тоа што побрзо да се достави, бидејќи без него не може да биде донесена одлука за евентуално поднесување обвинение против таткото поради сомнеж дека не го чувал безбедно оружјето. За тоа време вработените во Институтот оделе на одмори, а од вештачењето ништо“, вели изворот.

Обвинителството има еден месец да донесе одлука. Во спротивно таткото на момчето убиец ќе биде пуштен на слобода.

Во случај кога на обвинет му е одреден истражен притвор, со закон е пропишано задолжително укинување на притворот доколку не се поднесе обвинение во рок од шест месеци. „Неопходно е обвинителот да подготви докази кои ќе го засилат сомнежот, во однос на оној која беше потребен само за постоење истрага против одредено лице“, објаснува изворот за Блиц.

Владимир К., таткото на момчето убиец, е осомничен дека го обучувал синот да пука, дека го водел на стрелиште, како и дека не го чувал оружјето соодветно. Нему му е продолжен притворот од крајот на јули на уште три месеци, а истекува на 30 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ