вторник, 15 октомври 2024

Блинкен во Ханој: Ветување за зајакнување на односите меѓу САД и Виетнам

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и виетнамскиот премиер Фам Мин Чин денеска на средба во Ханој ветија дека ќе ги подигнат односите меѓу двете земји на повисоко ниво.

Состанокот се одржа две недели по 50-годишнината од повлекувањето на американските трупи од Виетнам, што го означи крајот на директното воено вмешување на САД во таа земја.

Блинкен, исто така, го означи почетокот на работата на новиот комплекс на американската амбасада во Ханој, проект вреден 1,2 милијарди долари, со кој администрацијата на Бајден сака да ја покаже својата посветеност за понатамошното подобрување на врските, помалку од 30 години по воспоставувањето дипломатски односи во 1995 година.

„Сега се надеваме дека ќе можеме да ги подигнеме (односите) на уште повисоко ниво“, рече Блинкен по состанокот.

„Ова беше многу сеопфатен и ефективен разговор и ќе продолжиме да ги продлабочуваме односите во иднина. Многу ја цениме улогата и одговорноста на САД кон азиско-пацифичкиот регион или пошироко кон индо-пацификот“, рече Чин.

Премиерот додаде дека виетнамската комунистичка влада сака „дополнително да ги подигне билатералните врски на нова височина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ