По доаѓањето на Шојгу во Пјонгјанг, Блинкен изјави дека Русија со сите сили се обидува да купи оружје од сојузниците ширум светот, пренесува лондонски Гардијан.
„Се сомневам дека (Шојгу) е таму на одмор. Гледаме како Русија очајно бара поддршка и оружје каде и да ги најде за да продолжи со својата агресија против Украина“, изјави Блинкен за новинарите во Австралија, додавајќи „гледаме дека тоа го прави и во Северна Кореја. Тоа го видовме и во Иран“, изјави Блинкен.
Тој истакна дека Кина ветила дека нема да ѝ дава помош во оружје на Русија.
Блинкен истакна дека кинеските компании можеби обезбедуваат технолошка помош за Русија и дека тие ја споделиле оваа загриженост со официјален Пекинг.