вторник, 8 октомври 2024

Блинкен: Секое подобрување на врските со Талибанците зависи од правата на жените во Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Ниту една земја не го призна талибанското владеење, а Соединетите Држави избегнуваат секакво директно економско учество, делумно поради исклучувањето на жените од средното и високото образование и од јавниот простор.

„И во иднина ќе настојуваме талибанците да одговараат за бројните обврски што ги презедоа и не ги исполнија, особено во однос на правата на жените и девојките“, им рече Блинкен на новинарите.

„Бевме многу јасни со талибанците – и десетици земји ширум светот беа многу јасни – патот кон понормални односи меѓу талибанците и другите земји ќе биде затворен се додека, меѓу другото, правата на жените и девојките не се почитуваат“, додаде Блинкен.

Под хаштагот „Гласовите на авганистанските девојки“, светскиот фонд на ОН за образование во итни случаи и кризни состојби, „Образованието не може да чека“ (ЕЦВ) вчера, на втората годишнина од враќањето на талибанците на власт, започна кампања за правото на образование на сите авганистански девојки и жени.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе стави крај на сите војни што ги водеше Америка и нареди повлекување од Авганистан, што се претвори во катастрофа на крајот на август 2021 година. Како одговор на новинарско прашање, Блинкен го бранеше повлекувањето.

„Одлуката за повлекување од Авганистан беше неверојатно тешка, но вистинска“, рече тој. „Ја завршивме најдолгата војна на Америка. За прв пат по дваесет години, немаме генерација млади Американци кои одат во борба и смрт.“

Во изминатите две години, талибанските власти наметнаа строго толкување на исламот и донесоа низа одлуки против правата на жените, кои ОН ги нарекуваат „родов апартхејд“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ