„Апсолутно е неопходно Украинците да добијат сè што им е потребно за одбрана, особено кога станува збор за муниција и противвоздушна одбрана“, кажа Блинкен за време на посетата на Франција.
Тој истакна дека од таа причина американскиот претседател Џо Бајден побарал од Конгресот што побрзо да обезбеди дополнителен буџет за воена помош на Киев. Бајден побара од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес кој го контролираат републиканците да го поддржи пакетот воена и финансиска помош, но претседателот на долниот дом на Конгресот Мајк Џонсон со месеци го одложува тоа прашање.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека, ако Украина не добие помош, нивните сили ќе мора да се повлекуваат „со мали чекори“.