Досегашната в.д. директорка м-р Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено ѝ посака успешна работа и продолжување на активностите во насока на развој на одржливиот туризам, како и унапредување и развој на севкупната туристичка понуда.
Лескаровска искажува голема благодарност за успешната соработка со македонскиот туристички сектор, Стопанската комора на Македонија и Швајцарските програми ИМЕ И СИППО, и се надева на продолжување на активностите од значење за туризмот во земјава.