понеделник, 7 октомври 2024

Би-би-си: Хезболах и понатаму има огромен арсенал оружје

Иако израелските напади во Либан се насочени против Хезболах, вклучувајќи убиства на неколку команданти, експлозии ан пејџери и воки-токи, како и големите воздушни напади кои почнаа во понеделникот, и покрај значителната штета нанесена на шиитската паравоена организација, Би-би-си во својата анализа пишува дека моќта на Хезболах останува голема.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Проектилот кој Хезболах го лансирал кон Тел Авив, а го пресретнала израелската противвоздушна одбрана, е наводно „кадр-1“ од иранско производство, балистички проектил со среден дострел кој може да носи боева глава меѓу 700 и 1.000 килограми. Проектилот би бил доволен да уништи поголеми згради.

Хезболах има арсенал од меѓу 100.000 и 150.000 ракети, дронови и проектили. Се верува дека до 10.000 од нив се прецизни наведувани балистички ракети со среден дострел, како „фатех-110“, кои можат да стигнат до Тел Авив и повеќето населени места во Израел. Ерусалим се смета за помалку веројатна мета поради големата палестинска популација.

Минатиот месец Хезболах објави снимка во која се фали со својот огромен подземен арсенал со вакви проектили, заканувајќи се дека ќе ги испука кон Израел ако избие војна.

Израелската операција Северна стрела, почната оваа недела, настојува да уништи што е можно повеќе од овој арсенал, вклучувајќи и ракети наводно скриени во приватни куќи и гаражи, според тврдењата на израелската влада.

Но подземната мрежа на тунели и пештери на Хезболах, вградени длабоко во карпите на јужен Либан, е огромна. И покрај сите воздушни напади, Хезболах и понатаму има способност за лансирање големо количество ракети на израелските градови, но неговото раководство знае дека израелската одмазда во тој случај би била разорна за Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ