среда, 9 октомври 2024

БГНЕС: После уставните измени, следуваат и другите услови од францускиот предлог

Објавено на

часот

Сподели

За БГНЕС, за составот на работната група за уставните измени вели дека се работи за „истакнати претставници на југословенската и српската правна школа, но не и претставници на македонските Бугари“, иако основа за учество во телото не е етничката припадност, туку политичка и институционална.

За бугарската дипломатија, оценува БГНЕС, вистински успех е внесувањето на билатералните прашања во самата преговарачка рамка и со претворање на Европската комисија во гарант за исполнување на условите поставени за Северна Македонија“.

За улогата на ВМРО-ДПМНЕ во уставните измени, БГНЕС смета дека „шизофрената партија“ ќе бара начини, трикови и формулации за да може да си го „спаси образот“ и истовремено да обезбеди неколку гласови што недостасуваат за усвојување на уставните измени.

„Не случајно неодамна во оваа насока се и ‘креативните’ предлози на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за донесување устав од хрватски тип или да се бара гаранција од Бугарија дека, покрај овој услов никогаш повеќе нема да има услови и повеќе тезги во преговарачкиот процес. За разлика од владетелите во Скопје, Мицкоски како индиректен наследник на Иван Михаилов како лидер на ВМРО веројатно е свесен дека работите се покомплицирани.

Францускиот предлог содржи и други клучни елементи кои се чини дека се сосема потценети, занемарени или целосно потиснати од властите во Скопје. Европската преговарачка рамка на пример експлицитно се однесува на почитувањето на Договорот за пријателство склучен со Бугарија во 2017 година, а поконкретно на спроведувањето на годишните билатерални протоколи кои произлегуваат од овој договор и следат, контролираат и go обезбедуваат неговото извршување. Во двата досега достапни протоколи, од 2018 и 2020 година се појавуваат бројни специфични обврски за Северна Македонија кои се однесуваат на заштитата на правата и интересите на Бугарите во Северна Македонија, барајќи јасна посветеност на борбата против јазикот на омразата во земјата, отворањето на досиејата на комунистичкиот режим и рехабилитација на жртвите со бугарска самосвест.

Досега, ниту еден од горенаведените услови не е исполнет, но во последната година бевме сведоци на невидена кампања на агресија, насилство и омраза кон бугарската заедница во РСМ, со бројните примери на пукање, палење, тепање и други вандалски дела за што продолжуваме да сведочиме неделно. Освен што македонските власти не преземаат речиси никакви вистински мерки за ефективно да се спротивстават, всушност, ако се суди според говорите на претседателот Пендаровски или премиерот Ковачевски, слични дела се толерираат, па дури и се бранат како логични и природни како реакција на агресивната, според нив, политиката на Бугарија.

Сепак, клучно место во протоколите зазема историјата и посветеноста на Мешовитата историска комисија која треба да ја објективизира нашата заедничка историја, да предложи заеднички прослави на значајни историски ликови и настани и Скопје да продолжи кон брзи промени во македонските учебници за да ги одразат договорените дефиниции.

Токму тука доаѓа најсериозниот проблем со кој се соочува примената на Договорот. По повеќе од пет години работење сите се свесни дека Мешовитата историска комисија не направи речиси ништо, особено во однос на навистина контроверзните историски теми… 

Македонскиот дел од комисијата одбива да преговара за важните историски теми… Доволно е само да потсетиме на предлогот даден во 2019 година од македонска страна за заеднички датум на прослава за Гоце Делчев да биде избран денот на кој комунистичка Бугарија ги предаде неговите коски на комунистичка Југославија во 1946 година“, пишува БГНЕС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ