понеделник, 14 октомври 2024

Безбедносните ризици се главните предизвици во блиската иднина, порачаа експертите од Одбранбениот форум 2023

Објавено на

часот

Сподели

Според него, имаме надворешен ризик, но дефинитивно има и внатрешни ризици, така што, како што рече, на денешниот форум ќе се фокусираат како заеднички да се делува кон надворешните ризици.

Метју Роудс, од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ смета дека најголемиот ризик за НАТО би бил да се дозволи руската агресија да остане без одговор.

„Најголемиот ризик е Русија да продолжи со агресијата против другите соседи, потенцијално против другите членки на Алијансата. Мислам дека со тоа што стои силно и обединето, НАТО покажа дека тоа не е прифатлива практика во меѓународните односи и дека ја зајакна одбраната и безбедноста на алијансата како целина“, истакна Роудс.

Руслан Стефанов од Центарот за проучување на демократијата во Бугарија, смета дека е жално што има несогласувања меѓу Северна Македонија и Бугарија и како зголемени тензии.

„Секоја поделба меѓу сојузниците во НАТО предизвикува загриженост и мислам дека треба да се фокусираме на позитивниот развој. Треба да се фокусираме на врските, на инфраструктурата, на конструктивниот капитал и секако на НАТО за заедничката безбедност. Ова не е прв пат да имаме вакви несогласувања во НАТО. Важен е само историски контакт. Јасно е дека сега и за ЕУ и за НАТО нивниот главен приоритет е војната во Украина. Значи, завршување на војната во Украина со победа за Украина и со продолжување на ЕУ се разбира“, изјави Стефанов.

Според него, Македонија и Бугарија би можеле да работат мирно и позитивно за да ги решат отворените прашања или би можеле да продолжат да се фокусираат на поделбите, а не на позитивните работи.

„Ние сме сојузници на НАТО, ние сме членки на НАТО. Работиме заедно на тоа. Работиме заедно на заеднички економски проекти. Мислам дека ова треба да биде во фокусот на двете влади на Бугарија и на Северна Македонија. Во овој специфичен историски момент, треба да се трудиме колку што е можно повеќе да не ги ставаме нашите поделби пред јавноста, бидејќи тоа е она што Русија и нејзините сојузници го користат, и да се фокусираме на она што не обединува“, рече Стефанов.

Даниел Браун, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Германија истакна дека безбедносните прашања се еден од главните предизвици во нашата блиска иднина.

„Вашата земја страда речиси шест месеци. Постојана хибридна војна со закани со бомби и сите оние работи што ни покажуваат дека не се работи само за хардверот, па кога мислам на тенкови или авиони, туку и за зголемување на нашите капацитети да се браниме со дигитални напади. И форумот за одбрана, а исто така и за другите наши активности ќе ни даде знаење и дебати како да се соочиме со такви закани и такви предизвици“, рече Браун.

Одбранбениот форум е во организација на Министерството за одбрана, а го отворија генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео конференциска врска, министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер. 

Ова е еден од поголемите одбранбени форуми кој ќе се одржи во земјата и се планира тој да стане традиционален. Целта на форумот е споделување искуства и добри практики во однос на темите на петте панел дискусии на тема: Геополитичките случувања врз новата безбедносна архитектура и регионалната безбедност, Превенција и одговор на кризи-идни предизвици на НАТО земјите членки, Местото и улогата на Армијата- иден развој и приоритети, улогата на цивилното општество во градењето на отпорност, Приватното обезбедување и одбранбено-безбедносниот систем- идни можности и соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ