понеделник, 14 октомври 2024

Беса достави предлог за внесување на албанскиот јазик во Уставот

Објавено на

часот

Сподели

„Движењето Беса до Министерството за правда го достави својот предлог за измена на Уставот во делот за редефинирање на албанскиот јазик како албански јазик, а не како 20%,. Му благодариме на министерот за правда кој рече дека тоа ќе се земе предвид.

Во однос на предлогот, како и на определените модели, го гледаме тоа како подготвеност за отворање на Уставот, дури и како можност да се отвори Уставот заради регулирање на меѓуетничките односи во Северна Македонија. Ние, Движењето Беса сме подготвени, но бараме промената на Уставот да биде во насока на  регулирање на државата во смисла да го одразува мултиетничкиот карактер на општеството“, изјави Касами по предавањето на предлогот во Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ