вторник, 15 октомври 2024

Бернс: Западот не треба да се плаши од руските закани за употреба на нуклеарно оружје, Путин е насилник

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, изјави дека Западот не треба да се плаши од руските закани за употреба на нуклеарно оружје и најави нови предлози за прекин на огнот во Појасот Газа во следните неколку дена, пренесува Гардијан.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Барнс ова го изјави во саботата, каде придружуван од шефот на британскиот МИ6, Ричард Мур присуствуваше на настан организиран од Фајненшл тајмс во Лондон.

Одговарајќи на прашањето дали во Вашингтон и другите западни престолнини би имало поголема загриженост од ескалацијата на војната доколку на Украина и се дозволи да користи ракети со долг дострел на руска територија, Барнс посочи дека ризикот од ескалација не треба да се сфаќа лесно, но дека нема причина за страв.

„Путин е насилник. Тој ќе продолжи да штрака со оружјето, од време на време. Не смееме да си дозволиме да бидеме заплашени од тоа штракање“, изјави шефот на ЦИА.

Тој рече дека Соединетите Американски Држави ѝ пружиле огромна поддршка на Украина и дека е сигурен дека претседателот ќе разгледа други начини на кои можат да ги поддржат.

Барнс рече дека САД ги игнорирале руските закани за употреба на нуклеарни бомби есента 2022 година, кога руските сили биле принудени да го напуштат Херсон, но набргу потоа била формирана линија на фронтот, пишува Гардијан.

Тој рече дека тогаш американски претседател Џо Бајден го испратил да достави директно предупредување за последиците од таа ескалација до Сергеј Наришкин, шефот на руската надворешна разузнавачка служба, на состанокот во Турција во ноември 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ