И ова лето имаше гласини за заминување на Бернардо Силва од Манчестер Сити, Португалецот беше мета на ПСЖ и Барселона.
Но Манчестер Сити не сакаше лесно да се откаже од неговите услуги и одби 80 милиони евра од светците, а не помисли да го пушти ниту на Камп Ноу.
Последните информации велат дека Бернардо Силва останува на Етихад и се сложил да стави потпис на нов договор со трајнсот до 2026 година.
И додека неговата иднина е решена ова лето, се шпекулира дека следното тој сигурно ќе замине од Манчестер Сити бидејќи се изборил за смешна откупна клаузула вредна само 50 милиони евра.