Хабек, по враќањето од дводневната посета на Киев, повика на претпазливост кога станува збор за поддршката на Украина, пренесуваат германските медиуми.
„Ангажманот на Германија има свои граници – не смееме да станеме страна во војната. Важно е таа граница секогаш да се одржува“, истакна Хабек.
Тој, на прашањето каде лично би повлекол црвена линија кога станува збор за поддршката на Киев, одговори дека тоа е присуство на германски трупи во Украина.