Новата цена на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 87,50 денари, 90 денари ќе чини литар еуросупер БС-98, а по 80 денари еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство.
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,567 денари за килограм и килограм ќе чини
46,025 денари.
Со одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,04 проценти во однос на цените од 14-ти месецов.