недела, 13 октомври 2024
Само што се смирија страстите

Бензема предизвика нов скандал: Не ја послушал наредбата на Гаљардо и нервозно си заминал среде тренинг!

Само што се смирија страстите, нова бура во Ал Итихад, тренерот Марсело Гаљардо му наредил на Карим Бензема да тренира индивидуално а напаѓачот нервозно си заминал среде тренинг.

Објавено на

часот

Сподели

Карим Бензема беше во фокусот на фудбалската јавност изминатиов период, напаѓачот имаше проблеми со навивачите и управата на Ал Итихад, а ситуацијата кулминираше кога беше исфрлен од составот откако не се појави на време на подготовките за вториот дел од сезоната.

Имаше многу шпекулации дека Французинот би можел да ја напушти Саудиска Арабија, но недоразбирањата беа испеглани и тој оваа недела се појави на тренинг.

Сепак, веќе денеска се случи нов скандал. Како што пренесуваат медиумите, тренерот Марсело Гаљардо му наредил на Карим Бензема да тренира индивидуално со оглед на тоа дека физички не бил на исто ниво со останатиот дел од тимот.

На напаѓачот не му се допаднало ова, па нервозно си заминал среде тренинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ