Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари. Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваатмногу публика и забава.
На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
„Едвај чекаме овие шест бенда да се качат на сцената во МКЦ и да го превртат фестивалскиот под наопаку. Исто и вие?“, прашуваат организаторите од Андерфест Скопје
Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк.
За првите 100 карти цената ќе биде 300 денари, потоа 400 денари, а на врата последен ден 500 денари.