Илјадници луѓе се собраа во спонтана поворка која стигна пред министерството за образование. Луѓето бараат оставка на министерот за образование Бранко Ружиќ. Тие скандираа „Оставка, оставка!“.
На чело на реката луѓе беа ученици на основното училиште „Владислав Рибникар“ во кое денес се случи пукањето.
Стотици луѓе вечерва палат и свеќи за жртвите на страшното убиство.