среда, 4 декември 2024

Белата куќа: На Украина ѝ е попотребна побројна војска отколку американско оружје

Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливен изјави дека Украина веќе добила голем број различно американско вооружување, но дека сепак е во тешка ситуација на бојното поле поради проблемите со мобилизацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Саливен, на новинарското прашање што Соединетите Американски Држави можеле претходно да направат за побрза победа на Украина, потсети дека Украина добила тенкови од САД, како и одобрување за префрлање на ловците Ф-16, системите ХИМАРС и „патриот“.

„Украина се најде во тешка ситуација на бојното поле, што покажува дека не постои директна врска меѓу овие оружени системи и начинот на кој тие дејствуваат на бојното поле“, кажа тој.

Според него, најдиректната врска меѓу украинските достигнувања и придонесот е преку мобилизацијата и човечките ресурси.

„Украина треба да направи повеќе да ги зацврсти своите линии во смисла на бројот на силите кои ги има на линијата на фронтот. Станува збор за муницијата и сè останато што влијае на националната сила на земјата, нејзиниот морал, кохезијата, индустриската база“, истакна советникот на американскиот претседател.

Саливен додаде дека не верува дека Украина, доколку порано добиела одобрување за испорака на некој од оружените системи, би имала значително влијание на бојното поле.

„Дали видовме значителна разлика на бојното поле откако ѝ обезбедивме тенкови на Украина. Слично, дали видовме значителна разлика со употребата на борбените авиони Ф-16? Веруваме дека ниеден оружен систем не е одлучувачки во оваа војна. Поентата е во човечките ресурси и, според нашето мислење, Украина треба да направи повеќе за да ја зајакне својата позиција во смисла на бројот на силите на линијата на фронтот“, истакна тој.

На барањето да ги искоментира изјавите на неименувани американски функционери дека САД ѝ дале на Украина дозвола да користи АТАЦМС ракети на руска територија, Саливен кажа дека тоа се „непотврдени вести“ иако Украина денес ги користела тие ракети во напад на Брјанската област во Русија.

„Немаме што да најавуваме или потврдуваме. Така што тоа остануваат непотврдени извештаи. АКО САД одобриле употреба на кој било систем за вооружување, вклучувајќи го и тој систем, тоа не би значело директно учество на САД во војната. Тоа би значело продолжување на политиката која ја водиме од почетокот на војната, а тоа е дека ние ја снабдуваме Украина со средства за одбрана на нејзиниот суверенитет, а тие војуваат“, истакна Саливен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ